Македонија на Европско првенство

Ангеловски: На Европското првенство целта ни е да ја поминеме групната фаза

Селекторот Игор Ангеловски вели дека целта која си ја поставил на Европското првенство е да се помине групната фаза од големото натпреварување. 

Ангеловски денеска го објави списокот на фудбалери кои ќе ги понесе на Европското првенство, а на прес-конференција ги кажа и размислувањата за историското учество на Македонија на големите натпреварувања.
 
Македонија нема да се задоволи само со пласман на ЕП, селекторот вели дека ќе дадеме се од себе да ја поминеме и групната фаза.
 
„Среќен сум и горд што дочекавме еден селектор, во случајов јас, да објави список на фудбалери за настап на Европско првенство“, вели Ангеловски на почетокот од прес-конференцијата.
 
„Овие фудбалери многупати ја направија Македонија горд, од пласманот на Европското првенство и со сите мечеви во последно време. Ветувам дека јас и сите играчи ќе направиме сѐ што можеме за повторно да го направиме народот горд“.
 
„Свесни сме со каков квалитет располагаме, знаеме што играме, знаеме колку е квалитетно Европскокто првенство. Целта која си ја поставив е да се бориме за пласман во следната фаза, верувам дека ќе можеме тоа да го направиме. Среќен сум што како Македонец ќе ја водам Македонија на Европското првенство“.
 
„Составот на групата со Австрија, Украина и Холандија мислам дека ни дава можност да ја оствариме целта, да се пласираме во следната фаза. Но за да го направиме тоа ќе мора да одиграме на највисоко ниво. Против Австрија игравме во европските квалификации и двапати загубивме, со Украина и Холандија долго време намеме играно. Украина е многу квалитетна селекција предводена од Андриј Шевченко, со Јармоленко, Зинченко, фудбалери од Шактер и Динамо Киев, а сезонава Шахтер двапати успеа да го победи Реал Мадрид. Холандија е светска велесила, расадник на огромни таленти“.
 
„Победата над Германија беше еден меч на кој покажавме дека можеме да се носиме со силни противници, а таа победа очекувам да ни донесе и самодоверба. Од моите фудбалери очекувам на сите мечеви да влезат со максимална самодоверба и да го дадат масимумот“.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе