Селекторот има само пофалби за фудбалерите

Ангеловски: Кога нема да загубиш од Италија на гости, мора да бидеш задоволен

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски не го криеше задоволтвото по одличното реми на нашата репрезентација против силната селекција на Италија.

Македонија со одлична игра во второто полувреме дојде до реми против Италија. Нашата селекција импресионираше со пристапот во играта на гостувањето кај четирикратниот светски шампион.
 
„Кога нема да загубиш на гости кај селекција како Италија мора да бидеш задоволен. Заслигуте одат за сите играчи кои настапија, а карактерот на овие фудбалери треба да го видиме против Лихтенштајн“ - вели Ангеловски.
 
„Во Скопје не заслуживме да загубиме, па можеби сега ни се врати. Бевме одлични и во двата меча“.
 
Натпреварот го реши Александар Трајковски кој влезе од клупата за резервни играчи.
 
„Пред мечот беше договорено Трајковски да влезе, тој беше џокерот. Направи пресврт и во играта со Албанија, па ова не е случајност“.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе