По пристигнувањето во Скопје

Ангеловски: Јавноста добро знае зошто нема да продолжам да бидам селектор на Македонија

Игор Ангеловски вели дека со задоволство го одработил секој момент како селектор на Македонија, не сакаше многу да навлегува во причините зошто нема да му биде продолжен договорот, вели дека сите го знаат тоа. 

ФФМ одамна сака да го смени Ангеловски од селекторското место. За разлика од целата јавност, тие сметаат дека тој не треба да биде на оваа функција. Под големиот пртисок од јавноста му го продолжија договорот, но само до крајот на Европското првенство.
 
Логично е кога селекторот е успешен, кога го сакаат фудбалерите и публиката, да добие шанса барем да го заврши тоа што успешно го почнал, квалификацискиот циклус за СП, но ФФМ не му нуди нов договор, Македонија наскоро ќе добие нов предводник.
 
„Да, дефинитивно заминувам. Јас со задоволство го одработив секој момент како селектор на македонската репрезентација, а причините зошто нема да продолжам ѝ се добро познати на јавноста. Пак ќе кажам дека сум среќен што го остваривме сонот на сите генерации, на македонската фудбалска репрезентација ѝ посакувам сѐ најдобро во иднина и дај Боже да им се радуваме на уште вакви големи настани“, изјави Ангеловски по пристигнувањето во Скопје.

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе

Во законодавниот дом е блокирано донесувањето на дваесетина закони преку илјадници амандмани поднесени од страна на опозицијата.

повеќе