Лига на нации

Ангеловски: Ја остваривме целта, победивме, тоа е најважно

Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски вели дека неговите избраници може да играат и подобро, но најважно е што Македонија дојде до трите бода.

Македонија со 2-0 победи на гостувањето кај Лихтенштај и дојде на чекор до пласман во полуфиналето во лига Д од Лигата на нации.
 
„Ја остваривме целта. Можевме да одиграме и многу подобро, но најважни се бодовите. За жал останавме без Адеми кој беше планиран да го почне мечот. Тој имаше тахикардија, не спиеше цела вечер, па поради здравствени прични заедно со лекарскиот тим решивме да не настапи. Откако Барди го даде голот ни беше полесно. Жал ми е за повредата на Спировски, но се надевам дека не е сериозна, сепак треба да ги почекаме прегледите“, изјави Ангеловски по мечот.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе