Квалификации за ЕП 2020

Ангеловски: Имаме шанси за пласман на ЕП, треба да продолжиме со ладни глави

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски верува дека нашата селекција може да се пласира на Европското првенство, но не треба да се создава еуфорија по победата над Летонија.

Македонија ги освои трите бода од гостувањето кај Летонија. Во нашата група се е отворено, но до крајот имаме четири сериозни натпревари.
 
Идниот месец ја пречекуваме Словенија во Скопје, а потоа гостуваме кај Полска. Потоа одиме кај Австрија и на крај играме дома со Израел.
 
„Планот беше да ги освоиме трите бода од овој дуел и да останеме со шанси за пласман на Европското првенство, тоа и го направивме. Пред последните четири натпревари во квалификациите нашата земја има шанса директно да се пласира на Европското првенство. Денеска можевме да победиме и со поголема разлика. Криво ми е само што пропуштивме два бода во Израел. Многумина можеби не отпишаа по оние два порази, но ние се вративме во игра за пласман на ЕП. Имаме реални шанси, но потребно е со ладна глава да ги продолжиме квалификациите. Следува мечот со Словенија кој верувам дека пред полни трибини ќе го добиеме“, изјави селекторот Ангеловски.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе