Лига на нации

Ангеловски и Ристовски: Одиме на победа против Ерменија, поразот во Ереван ќе ни биде мотивација

Игор Ангеловски и Стефан Ристовски велат дека Македонија мисли само на победа против Ерменија, поразот од 4-0 во Ереван ќе ни служи за мотивација и желба да се одигра подобро.

Македонија утре во 15 часот го отвара новиот циклус во Лигата на нации, прв противник ни е Ерменија, репрезентација со која игравме и пред две години и заедно се искачивме во Групата Ц.

На денешната средба со новинарите, Игор Ангеловски и Стефан Ристовски најавија дека „црвено-жолтите“ се подготвени за предизвикот и мислат само на победа.

„Знаеме сите каква е ситуацијата, се наоѓаме во специфичен период. Изминативе денови имав можност да видам кој во каква форма е и на какво ниво на подготвеност, па ќе истрчаат тие што се најспремни и кои ќе ни ја донесат посакуваната победа“ – вели селекторот Игор Ангеловски.

„Ерменија дојде со комплетно нов состав и со нов селектор, но ги анализиравме и мислиме само на победа. Имаме квалитет да бидеме екипата која ќе се прашува за многу работи на мечот. Сакам да доминираме и да ја контролираме играта“.

„За нас и во оваа Лига Ц остануваат амбициите за прво место во групата, без разлика на тоа што во октомври не очекува важен натпревар со Косово од полуфиналето на баражот за пласман на ЕП. Одиме од натпревар на натпревар, сега мислиме на Ерменија и Грузија, сакаме победа на овие дуели, а потоа продолжуваме понатаму“.

Пандемијата на коронавирус направи хаос во распоредот, најголемиот дел од фудбалерите сега се на сред подготовки за новата сезона и немаат мечеви. Стефан Ристовски признава дека ситуацијата не е идеална, но нема да бара алиби.

„Минуваме низ тежок период поради корона кризата, но не треба, ниту пак ќе бараме алиби. Јасно е дека распоредот е густ, дека ќе биде напорно, но тоа е што е. Вирусот ги поремети многу работите, но мора да се прилагодиме. Не чека нов циклус во Лигата на нации, подготвени сме и посакуваме победнички старт“ – вели Стефан Ристовски.

„Тој пораз во Ереван не сум го заборавил, посебно како бевме дочекани, начинот на кој се однесуваа кон нас. Ова е нов циклус и треба да влеземе со ладни глави, тој натпревар нека ни биде мотивација утре да одиграме подобро. Публиката секогаш носи голем плус, ќе ни недостасува. Со игрите во претходните години ги вративме навивачите на трибините, но мора да ги прифатиме новите услови“.  

Државата Бугарија ги исцрта своите позиции, а државата Македонија не. Сега сме во финалната фаза – за овие прашања да зборуваат партиските водачи – Заев, Мицкоски, а поретко нивните статисти – пратениците и претседателот на Републиката.

повеќе

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе