Ќе добијат ли казни од УЕФА за прекршување на протоколот?

Ангеловски и Пандев го напуштиле „меурот“, биле во ресторан по мечот со Украина (ФОТО)

Во романските медиуми се појавија фотографии како капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски заедно со своите фамилии вечераат во ресторан, тоа е спротивно на правилата на УЕФА на ова ЕП. 

Фото: Про Спорт
По вчерашниот пораз од Украина, селекторот Игор Ангеловски и капитенот Горан Пандев заедно со своитие фамилии седнале во луксузен ресторан во Букурешт, но биле фатени од романските папараци.
 
Сето ова би било нормално доколку се работеше за првенство во некое друго време. Поради пандемијата на ковид-19, УЕФА најстрого бара од фудбалските репрезентации да немаат контакт со други луѓе освен оние од репрезентациите. Но очигледно Пандев и Ангеловски излегле од таканаречениот „меур“.
 
„Меурот“ се прекршуваше и во Скопје, на социјалните мрежи излегуваа многу фотографии од фудбалерите сликани со фанови.
 
Останува да видиме дали УЕФА ќе ги казни Ангеловски и Пандев поради прекршување на протоколот.
 
 
 

Легенда под Главна слика

Фото: Про Спорт

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе