Знаеја кој е најдобар

Ангеловски и Пандев гласаа за Модриќ!

Селекторот и капитенот на Македонија, Игор Ангеловски и Горан Пандев гласа за Лука Модриќ во изборот за најдобар фудбалер на ФИФА.

Лука Модриќ ја прекина доминацијата на Лео Меси и Кристијано Роналдо која траеше десет години, Хрватот вечерва е прогласен за најдобар фудбалер на годината во избор на ФИФА.

Фудбалерот на Реал Мадрид ја имаше поддршката и на Македонија, Лука Модриќ доби по пет бода од Горан Пандев и Игор Ангеловски, како и од новинарот Мијалче Дургутов.

Во потесниот изборот на капитенот и селекторот на „црвено-жолтите“ сепак немаше место за Лео Меси. Горан Пандев му даде три бода на Антоан Гризман и еден на Кристијано Роналдо додека пак Игор Ангеловски како втора опција го одбра Рафаел Варан а Кевин Де Брујне беше негов трет пик.

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе