По тешкиот пораз во Ереван

Ангеловски: Грешевме сите, јас, фудбалерите, судиите

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вината во поразот не ја гледа само во киксовите на Столе Димитриевски, вели дека и самиот тој е виновен за загубениот меч.

Добрата серија на Македонија прекина во Ереван каде Ерменија буквално не нокаутираше со резултат од 4-0. Три од погодоците се катастрофални грешки на голманот Столе Димитриевски. Можеби се ќе беше поинаку ако при водство на домаќините од 1-0, судијата свирнеше чист пенал врз Енис Барди.
 
„Вечерва многумина грешеа, почнувајќи од мене, па преку фудбалерите, до судиите. Сето тоа е причина за убедливиот пораз. Столе не е виновен, јас сум виновен, јас го бирам тимот, нема потреба да се обинуваат фудбалерите, јас сум виновен“, изјави Ангеловски.
 
Не калкулиравме, овој меч беше важен за нас. Ерменија беше мотивирана, одигра одлично и честитки за нив. Нашите индивидуални грешки беа решавачки, но имаме уште два меча за кои треба да се подготвиме добро и да ја завршиме работата“.
 

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе