Објавен списокот за дуелите со Словенија и Полска

Ангеловски го врати Тошевски во репрезентацијата, повик доби и повредениот Барди

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски го објави списокот за дуелите со Словенија и Полска во квалификациите за ЕВРО 2020, Кристијан Тошевски се враќа во репрезентацијата а повик доби и повредениот Енис Барди.

Пред Македонија се две клучни пресметки кои можат драстично да ни ги зголемат шансите за првите две места во групата или да не отпишат од битката за врвот. На 10. октомври во Скопје се среќаваме со Словенија, а потоа на 13. октомври гостуваме кај Полска.

Игор Ангеловски попладнево го соопшти списокот и не направи големи промени во составот. Во репрезентацијата се враќа Кристијан Тошевски од Вардар, а повик доби и повредениот Енис Барди, кој е под голем знак прашалник. На листата се најде и Стефан Ристовски од Спортинг, кој со месеци беше надвор од стројот и дури минатата недела почна да тренира со полна пареа.

Дарко Велковски отпадна од комбинација поради повреда, Егзон Бејтулаи нема да може да игра против Словенија поради картони, а од претходниот собир, единствено ќе го нема Кире Маркоски.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе