Големиот талент и дефинитивно нема да игра за нашата репрезентација

Ангеловски: Го викнав Кулушевски да игра за Македонија, но тој ја одбира Шведска

Селекторот Игор Ангеловски вели дека пред еден месец повторно имал разговор со играчот на Парма, Дејан Кулушевски, но младиот фудбалер ставил јасно дознаење дека нема да игра за Македонија. 

Фудбалерот од Шведска со македонско потекло, Дејан Кулушевски одлично ја почна сезоната во Парма па повторно стана интересен за нашата јавност.
 
Тој има настапи за Македонија во младинските категории, но подоцна одлучи да настапува за Шведска. За сениорската селекција на Швеѓаните се уште нема настап, поради тоа селекторот Ангеловски уште еднаш го контактирал, но играчот бил дециден дека не сака да игра за нашата репрезентација.
 
„Имавме состанок пред три години во Охрид, тогаш му понудив да игра за Македонија, но одговорот беше дека сака да игра за Шведска. Пред еден месец повторно имавме разговор, му реков дека сакам да го викнам. Но неговиот избор е да игра за Шведска. Сакам да и соопштам на јавноста дека тоа е вистината, Кулушевски не игра за Македонија затоа што сака да игра за Шведска“, изјави Ангеловски.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе