Македонија - Косово

Ангеловски го објави списокот за мечот со Косово, без Елмас но со Пандев (ФОТО)

Елиф Елмас е позитивен на коронавирус и нема да игра против Косово, но добра вест е што Горан Пандев е на списокот на Ангеловски. 

Селекторот Игор Ангеловски денеска го објави списокот на фудбалери за мечот против Косово кој се игра во четврток.
 
Добра вест е што капитенот Горан Пандев е во составот, и покрај тоа што беше негативен на ковид-19, неговото доаѓање беше неизвесно, се појавија гласини дека Џенова сите играчи ќе ги држи во карантин. Но очигледно е дека Пандев ќе дојде.
 
Голем хендикеп ќе биде неиграњето на Елиф Елмас, кој е позитивен на коронавирус.
 
Новајлија во составот е голманот на Силекс, Даниел Божиновски, а повратници се Ферхан Хасани и Тихомир Костадинов.
 

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе