Иако повеќе не е селектор на Македонија, Игор Ангеловски исто така има заслуги за големиот успех. Тој ја предводеше репрезентацијата на стартот на овие квалификации во кои се случи и победата над Германија.
„Честитки за пласманот во бараж натпреварите за СП во Катар 2022. Повторно ја направивте Македонија горда, секоја чест“, напиша Ангеловски на социјалните мрежи.