Македонија ги почна подготовките за дуелите со Израел и Летонија

Ангеловски: Додека имаме и најмала шанса ќе го бркаме второто место

Во пресрет на квалификациските дуели со Израел и Летонија, селекторот Игор Ангеловски ветува борба до крај за втората позиција на табелата.

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги започнува подготовките за престојните квалификациски дуели против Израел и Летонија кои ги играме на гостински терен.
 
Во хотелот „Парк“ на првиот собир денеска ќе недостасуваат само Пандев, Трајковски, Тричковски, Несторовски и голманот Димитриевски кои утре во израелски Ашдод ќе му се приклучат на тимот.
 
„Имаме доволно време да ги анализираме, следиме што се случува во нивниот табор, имаат проблеми во составот, вчера стоперот Битон им се повреди. Ќе собереме информации потполно подготвени да влеземе на тој натпревар. Јас реков дека очекувам фудбалерите да бидат на она нивно претпознатливо ниво, да бидеме на ниво на сите досегашни мечеви во квалификациите, исклучувајќи го само мечот со Австрија. Ние имаме 2-3 формации во зависност од противниците, но не отстапувам од онаа базична тактика“, изјави Ангеловски.
 
„Мене ми е жал што неколку играчи не се стандарни во своите тимови, ќе ми беше многу полесно. Жалам што не игра Велковски, за мене е одличен фудбалер. Муслиу играше за Шкендија, направи трансфер, па не играше, и сега еве заигра. Проблем е и Стефан Ристовски кој го нема на почетокот од сезоната“.
 
„Не се предаваме, се додека постојат теоретски шанси да бидеме втори, јас ќе барам од играчите да го бркаме тоа место. Мотиви не недостасуваат, посебно кога се игра за репрзентација, тоа не сакам да напоменам што значи. До крај одиме на секој меч на победа, дали ќе биде за подобар пласман или за подобра подготовка во Лигата на Нации со Косово, сеедно. Овие момци досега покажаа дека не познаваат фаворити и јас верувам дека ќе бидат на нивото“.
 
На прес конференцијата беше и Бобан Николов кој вели дека е најважно како ќе одигра Македонија, а не противникот.
 
„Не чекаат два многу тешки натпревари, мислам дека можеме да ги добиеме и двата, зошто да не. Сакаме уште да се докажуваме и да покажеме дека тоа беше само слаб ден со Австрија. Но, што било поминало, сега е најважно што не чека понатаму, оваа репрезентација многу ветува и покажала квалитет. Не одиме да се браниме, одиме на победа, мило ми е што играчите се здрави, едвај чекам да ги видам моите колеги, и мислам дека заедно ако се сплотиме, мислам дека нема да имаме проблеми. Ако бидеме фокусирани како со Полска, ќе немаме проблем. Најважно е како ние ќе одиграме, а не противниците“, смета Николов.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе