Квалификации за ЕП 2020

Ангеловски: Да го потврдиме квалитетот и да се подготвиме за полуфиналето од Лигата на нации

Утре Македонија со почеток од 20:45 часот и гостува на Австрија во претпоследниот меч од квалификациите за Европското првенство. 

Македонската репрезентација го одработе тренингот пред мечот со Австрија. Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека неговите фудбалери ќе го дадат најдоброто, можеби ќе настапат и дебитанти, дуелот ќе бида подготовка за полуфиналето во Лигата на нации против Косово но и меч на кој треба да се докаже квалитетот кој го имаме.
 
Имаме кадровски проблеми, но рековме дека нема да се жалиме, така и ќе биде, ќе играат тие што се подготвени и јас верувам во нив. Можно е шанса да добијат и некои дебитанти, но ако им е прв меч не значи дека немаат квалитет. Сигурен сум дека утре сите фудбалери ќе го дадат максимумот и ќе одиграат најдобро што знаат. На овие мечеви сакаме да го потврдиме квалитетот и да се подготвиме за полуфиналето на Лигата на нации. Австрија беше доминантна во текот на квалификациите, тие се на прагот на пласман на Европско првенство, но ние си ја гледаме нашата работа”, изјави селекторот Игор Ангеловски. 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе