Квалификации за ЕП 2020

Ангеловски: Атмосферата е позитивна, очекувам тоа да го матeријализираме против Словенија

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски вели дека во тимот владее позитивна атмосфера по триумфот над Летонија и очекува утре неговите избраници да се изборат за добар резултат против Словенија.

Македонија утре во Љубљана го игра вториот меч од квалифиакциите за Европското првенство во 2020. Словенија е следниот предизвик за „црвено-жолтите“ кои сакаат да се изборат за нов добар резултат откако на стартот беа убедливи против Летонија.

“Во Љубљана стигнавме со многу добра атмосфера откако одигравме одличен натпревар со Летонија. Утре не очекува нов натпревар, имавме време да се одмориме и подготвени влегуваме во дуелот со Словенија. Го знам тимот што ќе истрча утре, но нормално нема да го кажам сега, затоа што тоа најпрво ќе им го соопштам на играчите. Наша интенција е да влегуваме во овој меч со истиот пристап како во изминатите три години. Од тоа што сме анализирале Словенија има добар среден ред и напад, а и опасни контра-напади. Но ние ќе излеземе на терен да си ја играме нашата игра. Се среќаваат две добри репрезентации и очекувам натпреварот да биде неизвесен. Имаме позитивна атмосфера и очекувам тоа да го матeријализираме утре на терен“ - изјави Игор Ангеловски.

Покрај селекторот, на пресот со новинарите беше и десниот бек Стефан Ристовски, кој исто така изрази желба за бод или бодови.

“Верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Ќе се потрудиме да се вратиме со бод или бодови од ова гостување. Јас го познавам многу добро селекторот на Словенија, Кек, и сигурно дека тој сака многу да победи. Ќе биде ова добар натпревар. Ние долго време сме заедно што значи дека можеме да се носиме со секого. Сакаме да докажеме дека оваа генерација има квалитет да игра на големо натпрецарување како што е Европското Првенство“ - вели фудбалерот на Спортинг.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе