ТРЕНЕРОТ НА ВАРДАР Е ПРЕТПАЗЛИВ ПРЕД РЕВАНШОТ

Андреев: Резултатот 0:0 е опасен, мора да бидеме внимателни

Тренерот на Вардар, Сергеј Андреев вели дека неговиот тим ќе игра тактички поинаку од првиот меч, ќе се обиде да биде поофанзивен, но мора да биде и внимателен, бидејќи ремито без голови не е најидеален резултат.

Вардар утре го пречекува АПОЕЛ во реванш квалификациски дуел од Лигата на шампионите. Македонскиот тим со реми без голови се врати од Никозија и шансите за пласман понатаму се реални. 
 
Сергеј Андреев е умерен во изјавите, вели дека неговите фудбалери мора да бидат внимателни бидејќи 0:0 е опасен резултат.
 
„Во Никозија одигравме дефанзивно, АПОЕЛ не ни дозволи да се поставиме поинаку. Резултатот 0-0 е добар, но е и опасен, поради тоа ќе мора да бидеме многу внимателни. Секако дека ќе имаме тактички промени за утрешниот натпревар, но не би сакал сега да откривам ниту како ќе играме, ниту кој ќе биде почетниот состав" - изјави Андреев на денешната прес конференција.
 
 
„Не ме прашувајте за пенали, не сакам да играме на пенали, не сакам да играме ниту 120 минути. Пеналите не се знаење, 90% се психологија, се може да се случи. Сакам работата да ја завршиме за 90 минути".
 
„Сметам дека полните трибини нема да бидат товар за фудбалерите, прекрасно е да се игра пред многу публика, сите играчи го сакаат тоа и верувам дека нема да им создаде притисок".
 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе