ТРЕНЕРОТ НА ВАРДАР ЗАДОВОЛЕН ОД СВОЈАТА ТАКТИКА

Андреев: Овој тим прв пат игра пред многу публика, емоциите го сторија своето

Вардар не успеа да го урне АПОЕЛ и да се пласира во следното квалификациско коло од Лигата на шампионите, македонскиот шампион одигра 1-1 резултат кој му донесе радост на гостинскиот тим. 

На прес конференцијата по натпреварот тренерот Сергеј Андреев изјави задоволство од настапот на Вардар и не смета дека тимот требало да одигра поинаку.
 
„Одигравме многу подобро отколку на првиот натпревар, но јасно е дека резултатот не е добар. Реков дека 0-0 е опасен резултат. Бевме рамноправен тим и нема што да жалиме. Сметам дека добро ја водев екипата и не сметам дека морам постојано да излегувам крај аут линијата, тоа го правам само кога треба да посоветувам некој од играчите" - вели Андреев.
 
„Откако сум тренер на Вардар за прв пат играме пред толку публика, па веројатно и тоа имаше влијание кај играчите. Влеговме со многу емоции во натпреварот и пребрзо ги завршувавме акциите во нападот. Замислете Гроздановски на почетокот да ја реализираше шансата, сега се ќе беше поинаку".
 

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе