Македонецот задоволен од триумфот, но не и од двата примени гола

Андоновски дебитраше со победа на клупата на САД, Американките тргнаа силно па се опуштија во финишот (ВИДЕО)

Влатко Андоновски со победа дебитираше на кормилото на женската репрезентација на САД, Американките во пријателски натпревар триумфираа над Шведска со 3-2.

Утрово на Мапфри стадионот во Колумбус, Охајо, Влатко Андоновски за прв пат ја предводеше женската репрезентација на САД, противник беше силната Шведска, но и покрај тоа Македонецот имаше победничко деби.

Американките започнаа силно, поведоа веќе во 6. минута, Прес уфрли топка во петерецот а Лојд рутински реализираше за 1-0. Ви 28. минута улогите беа заменети, Лојд асистираше а Прес откако одлично се ослободи од две противнички погоди за 2-0.

Три минути подоцна веќе беше 3-0, Лојд се најде во шанса и лобуваше за нова радост на домаќините.

Америнаките потоа имаа уште неколку добри прилики за да ја наполнат мрежата на противникот, но откако не ги реализираа, во финишот дојде до опуштање и Шведска ја направи возбудлива завршницата.  Анвегард најпрво намали на 3-1 во 75. минута, а пет минути подоцна по втор пат се запиша во листата на стрелците за 3-2.

„Дефинитивно не сакав да видам дека резултатот е 3-2 по нашето водство од 3-0“ – рече Андоновски по крајот на натпреварот. „Искуството беше добро, мило ми е што се справивме на начинот на кој се справивме, но да разјаснам, не сум среќен со двата погодока кои ги примивме“.

„Победа си е победа, но мораме да ги корегираме ситуациите по кои паднаа двата гола на Шведска“.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе