Реал Мадрид

Анчелоти: Нема дилеми, Бензема ќе ја добие Златната топка

Карло Анчелоти вели дека на Реал Мадрид не му било лесно против Ајнтрахт до првиот даден гол, потоа почнале да ги имаат работите во контрола. 

Реал Мадрид со 2-0 го победи Ајнтрахт Франкфурт и по петти пат го освои европскиот Суперкуп.
 
„Ова не беше лесен натпревар, особено не на почетокот бидејќи беше многу изедначено. Беше тешко да ја воспоставиме нашата брзина, но по дадениот гол се беше подобро. Почетокот на сезоната секогаш е тежок“, вели Анчелоти.
 
Карим Бензема постигна еден погодок со кој го помина Раул на вечната листа и стана втор стрелец во историјата на Реал Мадрид.
 
„Тоа многу важен, лидер. Тоа што сме ние тука, голем удел има неговата статистика на постигнати голови. Тој ја заврши сезоната постигнувајќи голови и сега ја почнува. Мислам дека веќе никој не се сомнева дека тој треба да ја добие Златната топка“.
 
И поранешниот германски фудбалер, Бастијан Швајнштајгер се надоврза на прогнозите дека следната Златна топка ќе оди во рацете на Бензема.
 
„Во моментов Бензема е најдобриот напаѓач во светот. Не се импресивни само головите кои ги постигнува. За мене, исклучително е тоа како интелегентно се движи без топка. Не се сомневам дека тој ќе ја добие Златната Топка за 2022“, вели Швајнштајгер.

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе