Специјален прекар за триото ветерани

Анчелоти: Касемиро, Крос и Модриќ ги викам Бермудски триаголник, топката исчезнува кај нив (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид открива дека има специјален прекар за триото Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ и ги вика Бермудски триаголник.

По пријателскиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, Карло Анчелоти беше запрашан што преферира повеќе „рокенрол“ односно младото трио составено од Камавинга, Чуамени и Валверде, или класика односно ветераните Касемиро, Крос и Модриќ.

Стратегот одговори дека е фан и на рокенрол и на класика и откри дека има специјален прекрас за Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ и ги вика Бермудски триаголник.

„Касемиро, Крос и Модриќ ги викам Бермудски триаголник бидејќи топката исчезнува кај нив“ - рече тренерот на Реал Мадрид со насмевка на лицето.

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе

Шоковите кои се случуваат истовремено и распадот на меѓународната соработка го направија управувањето со кризи невозможно - барем со користење на стандардните алатки. 

повеќе

Oд Словото за академик Божин Павловски, 80 години од раѓањето и 60 години од неговото творештво.

повеќе