По одличната партија против Сосиедад

Анчелоти: Јовиќ е добар напаѓач, не е лесно кога не играте

Јовиќ синоќа беше херојот на Реал Мадрид, со гол и асистенција донесе победа за својот тим против Реал Сосиедад.

Јовиќ по 20 месеци постигна гол за Реал Мадрид, Србинот доби шанса и конечно ја искористи, а по мечот стигнаа пофалби од Карло Анчелоти.

„Јовиќ е добар напаѓач. Многу е силен. Сакам да му честитам бидејќи не е лесно кога не играте. Ја искористи својата шанса и даде гол. Беше подготвен иако претходно не играше. Во тимот имаме и други момци кои заслужуваат да играат, а не добиле шанса и тоа е мојот најголем проблем“, вели Анчелоти.

Италијанскиот стратег потврди дека Карим Бензема нема да игра во вторник против Интер.

„Карим има проблем. Ќе видиме во наредните неколку дена, но мислам дека нема да биде подготвен за во вторник. За во недела ќе видиме“.

Во недела Реал Мадрид исто така игра големо дерби, во Ла Лига ќе се сретне со градскиот ривал, Атлетико.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе