Македонецот го импресионирал стратегот на мечот со Фиорентина

Анчелоти ја менува формацијата за дуелот со Јувентус, Елмас ќе биде стартер на дербито во Торино?

Карло Анчелоти размислува за нова формација и две промени во составот за дерби пресметката со Јувентус, Елиф Елмас се најавува како стартер за Наполи во Торино.

Викендов на програмата е второто коло во Серија А, а дербито се игра во Торино каде актуелниот шампион Јувентус го пречекува Наполи.

Според пишувањата на Кориере дело Спорт, Карло Анчелоти разгледува две опции за овој натпревар. Првата е да го започне мечот со истиот тим како на гостувањето кај Фиорентина во првото коло, а втората е да направи две измени во составот.

Втората опција на еден начин треба да е изненадување за Јувентус, бидејќи наместо формацијата 4-2-1-3, Наполи ќе се врати во класична формација 4-3-3. Нападот ќе остане непроменет и ќе биде составен од Инсиње, Мертенс и Каљехон, но промена ќе има во средниот ред и дефанзивата.

Елиф Елмас ќе го замени Ален, Македонецот ќе игра покрај Фабијан Руиз и Зјелински на средината од теренот. Ова трио одлично си ја одработи задачата во завршницата од мечот со Фиорентина, кога Наполи рутински го приврши мечот и на крајот славеше со 3-4.

Во одбраната ќе има промена на десната бековска позиција, и шанса ќе добие Никола Максимовиќ на местото на Џовани Ди Лоренцо. Природна позиција на Србинот е централен дефанзивец, па КДС посочува дека ова ќе биде „одбрана од три ипол“.

Новото рекордно засилување, Ирвинг Лозано дербито против Јувентус ќе го започне од клупата за резерви.

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе