Наполи застана во редот за Македонецот

Анчелоти и Де Лаурентис разговарале за засилувања, Елмас ставен на листата со желби

Карло Анчелоти денеска имал средба со првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и уште неколку директори, разговарале за играчте кои треба летоска да бидат ангажирани и на листата со желби го ставиле Елиф Елмас.

По Лацио, Фиорентина и Интер, уште еден клуб од Серија А застана во редот за Елиф Елмас.

Како што пренесе добро упатениот новинар Џанлука Ди Марцио, денеска во домот на Карло Анчелоти имало средба на тренерот со Аурелио Де Лаурентис и уште неколку директори на клубот од Сан Паоло.

Било разговарано за плановите за настап на летниот преоден рок и било споменато името на Македонецот. Ди Марцио вели дека Наполи високо го цени 19 годишниот Елиф Елмас и верува дека тој има потенцијал како Фабијан Руиз, заилувањето вредно 30 милиони евра од минатата сезона.

Новинарот додава дека интересот на „наполитанците“ за Елиф Елмас е прилично силен, но не открива детали за тоа каква сума вицешампионот на Италија е подготвен да понуди за услугите на репрезентативецот на „црвено-жолтите“.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе