Италијанецот го имаше првиот прес како тренер на Евертон

Анчелоти: Евертон е клуб со голема традиција, сакам да го внесам во Лигата на шампионите

Карло Анчелоти денеска ја имаше првата прес конференција пред англиските медиуми откако стана тренер на Евертон. 

Искусниот Карло Анчелоти стави потпис на договор со Евертон до 2024 година.
 
Клубот во моментов е на 15. место на табелата во Премиерлигата, има само четири бода повеќе од местата кои водат во Чемпионшип. Долгорочната цел на Анчелоти е да го однесе Евертон и во Лигата на шампионите.
 
Лигата на шампионите е долгорочна цел. Во фудбалот ништо не е невозможно“, вели Анчелоти.
 
Тој претходно беше тренер на клубови како Челси, Реал Мадрид, Милан, ПСЖ, па за многумина беше изненадување што прифати понуда од Евертон.
 
„Тоа што ме привлече е историјата и традицијата на клубот. Тоа е еден од најголемите клубови во Англија“.
 
„Вистина е дека бев тренер на големи клубови. Во ПСЖ имаше навистина добар проект. Мислам дека и тука е исто. Вчера бев во тренинг центарот и можам да кажам дека е фантастичен. Фактот што клубот сака да изгради нов стадион значи дека имаат јасна идеја и желба за успех“.
 
„За мене би било добро да бидам тука кога новиот стадион ќе биде отворен. Сакаме да го направиме Евертон подобар и поконкурентен“.
 
Анчелоти одговори и на шпекулациите кои го поврзуваат со ангажман на Ибрахимовиќ.
 
„Ибрахимовиќ ми е добар пријател но не знам кои се неговите идеи. Треба да му се јавам. Не знам дали некои фудбалери би сакале да дојдат тука само затоа што јас сум тука. Но се случувало во минатото“.
 

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе