Би можел да ги предводи „карамелите“ веќе во сабота против Арсенал

Анчелоти брзо наоѓа нова работа, Италијанецот пристигнал во Ливерпул на преговори со Евертон

Карло Анчелоти очигледно нема долго да биде без работа, искусниот стратег пристигнал во Ливерпул на нови преговори со Евертон и би можел да ги предводи „карамелите" веќе во сабота против Арсенал.

Карло Анчелоти минатата недела доби отказ од Наполи но за кратко време може да  му се врати на фудбалот. Италијанецот е прва желба на Евертон за наследник на Марко Силва, главниот акционер Фархад Мошири и претседателот Бил Кенврајт сметаат дека искусниот стратег е идеален човек за тренерското столче на Гудисон Парк.

Неколку извори од „островото“ сега пренесуваат дека Карло Анчелоти пристигнал во Ливерпул на нова рунда преговори со „карамелите“. Се очекува во скоро време да падне дил и Евертон да има нов тренер веќе за дуелот со Арсенал во сабота.

Данкан Фергусон, кој на привремена основа го предводеше Евертон против Челси и Манчестер јунајтед, а ќе биде на клупата и за дуелот со Лестер во Лига купот, треба да остане како дел од персоналот на Карло Анчелоти.

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе