АМС се закани дека ќе преземе правни мерки против ФФМ поради непочитување на Законот за спорт

Агенциијата за млади и спорт (АМС) информириа дека Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одбива да го усогласи својот статут со Законот за спорт поради што тие ќе реагираат. 

Пред точно две години при инспекциски надзор во ФФМ беше утврдено дека Фудбалската федерација не работи според Законот за спорт. ФФМ одбиваше да го усогласи статутот и се жалеше. Државната комисија за одлучување во втор степен им ја отфрли жалбата по што АМС повторно реагира.
 
Реакцијата доаѓа на неколку месеци пред изборното собрание на ФФМ кое веќе почна да предизвикува бура во јавноста поради начинот на кој се бираат делегатите. ФФМ треба да го усогласи статутот со Законот за спорт и да го промени начинот на кој се бира претседателот, наместо сегашниот систем со делегати, треба да има Собрание во кое членови ќе бидат клубовите.
 
„Агенцијата за млади и спорт постапуваќи согласно своите надлежности и овластувања ја информира јавноста за следното:
Како орган на државната управа надлежен за работите од областа на спортот во Република Северна Македонија при извршен инспекциски надзор во Фудбалската федерација на Македонија (решение ИП1 бр.14-182/2 од 21.01.2019 година) утврдени се низа неправилности спротивно на Законот за спорт 
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14,177/14, 72/15, 153/5, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16, 190/16  и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 98/19 и 244/19), пред се непочитување на Член 14-а, став 1, Член 82, Член 11, став 1 и став 9, Член 14 став 4 и став 5 и позитивното право во државата и истите беа доставени за отстранување до Федерацијата. Решението беше обжалено од страна на Фудбалска федерација и после сите институционални и законски процедури и рокови, жалбата беше отфрлена како неоснована од страна на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка, со што Решението стана правосилно и извршно. и против него не е дозволена жалба.
            Имајќи предвид дека и по предвидениот рок за постапување по Решението коешто се однесува на усогласување на Статутот на федерацијата со Законот за спорт, Фудбалската федерација не постапи согласно наводите и диспозитивот на решението, туку спротивно на тоа продолжи да функционира со истиот Статут, којшто е спротивен на Законот за спорт и со позитивното право, и спротивно на решението донесено од Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочна постапка.
            Имено, во овој период кога истекува мандатот на функционерите во ФФМ (делегати, членови на УО и застапникот) започнати се активности со цел одржување изборно Собрание, коешто е спротивно на Законот за спорт и позитивното право во државата.
            Агенцијата за млади и спорт како орган на државната управа, надлежен за работите од областа на спортот, презема активности и дејствија согласно горенаведеното Решение и од сите спортски субјекти бара безусловно почитување на позитивните прописи, и нема да дозволи  и нема да толерира непочитување и постапување спротивно на она што налагаат одредбите од Законот за спорт.          
За сите понатамошни активности на Агенцијата за млади и спорт кои ќе бидат преземени согласно Законот за спорт и позитивното право во државата, целата спортска јавност ќе биде благовремена известена“, се вели во соопштението на Агенцијата за млади и спорт.
 

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе