Почнува правна битка

АМС поднесе кривични пријави против ФФМ!

Агенцијата за млади и спорт (АМС) поднесе кривични пријави против повеќе луѓе од Фудбалската федерација на Македонија за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување на истрага. 

АМС почна правна битка против ФФМ. Пуштени се кривични пријави против поранешниот претседател Илчо Ѓорѓиоски, актуелниот Муамед Сејдини како и неколку членови на УО на ФФМ.

„Во периодот по 29.07.2012 година Ѓорѓиоски, тогашен претседател на ФФМ, избран е на вонредно Генерално собрание на кое е одржан и усвоен и Предлог статут подготвен од работна група на ФИФА, УЕФА и ФФМ на незаконит начин. Тој при спроведување на истиот во Централен регистар наместо да го спроведе законски донесениот статут на собранието на ФФМ врши незаконито променување на содржината на Стаутот и го додаваат членот 37 со следниот текст: Комисијата за верификација на регистрација на фудбалери и клубови на ФФМ-Редакциски одбор на Макфудбал ги верификува регистрирањата на клубовите и фудбалерите, фудбалерите во мал фудбал и фудбал за жени и ги објавува сите одлуки на органите на ФФМ. Таа комисија се состои од претседавач, заменик претседавач и три члена кои по промената на членот 37 се менуваат за еден број и се зголемуваат за плус еден член", стои во пријавата, поднесена до Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе