Куп на Африкански нации

Алжир по 29 години е нов шампион на Африка, со среќен гол стигна до втора титула на КАН (ВИДЕО)

„Пустинските лисици" се радуваат на втората титула на Купот на Африкански нации откако вечерва со среќен гол и минимални 1-0 триумфираа над Сенегал во финалето.

По 1990 година, Алжир се радува на нов триумф на Купот на Африкански нации. Вечерва во финалето против Сенегал, избраниците на Белмади славеа со 1-0.

Единствениог гол на мечот падна уште во втората минута. Бунеџах биеше од далечина, топката незгодно се одби од еден дефанзивец, полета високо и падна точно под пречката. Голманот на Сенегал веројатно тешко можеше да одбрани, но неговата реакција беше несфатлива со оглед на тоа дека остана вкопан во место и неколку секунди гледаше како топката се движи наместо да се обиде да интервенира.

Сенегал потоа цел натпревар се обидуваше да стигне до изедначување, имаше и неколку спорни ситуации кои беа прегледувани со ВАР, но нов гол не падна па Алжир по 29 години одново е шампион на Африка.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе