Лига на шампиони

Алушовски: Веспрем е фаворит, но не се предаваме

Во четврток со почеток од 18:45 часот Вардар го пречекува Веспрем во салата „Јане Сандански“ во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. 

Веспрем е голем фаворит во оваа пресметка, но Вардар има напредок во формата во однос на меѓусебниот дуел во СЕХА лигата во септември кога овие два клуба се сретнаа во финалето.
 
Стевче Алушовски верува дека неговите ракометари можат да направат изненадување.
 
„Имаме уште два тренинга да одработиме до почетокот на натпреварот, ги анализираме. Веспрем е екипа, која играше на Ф4-турнирт и е фаворит во двомечот со нас, меѓутоа тоа не значи дека ние сме без шанси дека лесно ќе се предадеме. Во финалето на СЕХА-лигата оваа сезона игравме против Веспрем и таму останавме должни нашите симпатизери за она што значи добар натпревар. Мислам дека овој Вардар во овој момент е многу поквалитетен и повоигран од она што игравме на тој меч, во септември. Ќе го дадеме својот максимум, ако тоа е доволно да се радуваме, а се надевам дека ќе биде, зошто да не и на првиот тука и на вториот, таму“, вели Алушовски.
 
„Имавме еден добар континуитет, направивме добар натпревар со Мотор, исто така одигравме добро против Еурофарм Пелистер, два тешки меча за нас. Вчера одигравме и две средби од Купот на Македонија, кои ја држат екипата во ритам, мислам дека сме добро подготвени да одогвориме на предизвикот Веспрем“.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе