Лига на шампиони

Алушовски: Против Кјелце ќе биде тешко, Карачиќ и Душебаев знаат како е да се игра во Скопје, но очекувам победа

Вардар во четврток со почеток од 18:45 го пречекува Кјелце кој во моментов е лидер во групата, тренерот Алушовски очекува тежок натпревар кој на крајот ќе го добијат неговите ракометари. 

Вардар во четврток има нов меч од Лигата на шампионите, црвено-црните никако да врзат континуитет на одиграни натпревари, постојаните паузи влијаат на ракометарите, но таква е оваа година.
 
„Нè очекува еден тежок натпревр со лидерот во нашата група. Според мене, досега покажа најмногу од сите екипи во групата. Максимално незгоден противник, којшто е составен од бивши играчи на Вардар, Карачиќ и Душебаев, кои знаат како е да се игра во Скопје. Очекувм еден неизвесен натпревар. Јас сум убеден дека ќе одиграме на нивото на двата последни натпревара што ги одигравме во Скопје и со Фленсбург и со Порто и оптимист сум и за средбата со Кјелце овде. Секако нè очекува тешка, но се надевам добра  и победа на нашиот тим“, вели тренерот Стевче Алушовски.
 
„Мислам дека клучот на успехот треба да биде нашата игра во одбрана. Се подготвуваме, анализираме сè што значи опасност од играта на Кјелце и мислам дека в четврток ќе бидеме максимално подготвени за овој нареден предизвик“.
 
Игор Карачиќ игра во одлична форма во дресот на Кјлеци, поранешниот Вардарец му даде 13 голови на ПСЖ, а Душебаев една недела претходно беше во тимот на колото. Најголемата опасност за Вардар би требало да доаѓа токму од своите поранешни ракометари.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе