Ливерпул

Алкантара објасни зошто не го допре знакот „Ова е Енфилд“

Тиаго Алкантара не го допре знакот „Ова е Енфилд“ кој е поставен пред да се излезе на теренот од потрибинските простории, фудбалерот има логично објснување. 

Алкантара од својот сонародник Фернандо Торес разбрал дека знакот може да се допре само откако освоиш трофеј со Ливерпул, тоа е традиција. Затоа за време на претставувањето тој одби да го допре тој свет симбол за црвените.
 
„Еднаш слушнав од Фернандо Торес и запаметив. За да го допреш освој симбол треба да го заслужиш тоа со освојување на трофеј и затоа овој пат не го допрев. Ќе ја почитувам оваа традиција“, вели Алкантара.
 
Јирген Клоп во 2015 година кога дојде во Ливерпул, им забрани на играчите да го допираат знакот пред да освојат некој трофеј.
 
„Им кажав на моите фудбалери да не го допираат знакот „Ова е Енфилд“ додека не освојат нешто. Тоа е знак на почит“, изјави тогаш Клоп.
 
Во меѓувреме Ливерпул ја освои Лигата на шампионите и Премиерлигата, па фудбалерите кои учествуваа во тој успех го допираат знакот пред излегување на Енфилд, но тоа не може да го направи и Алкантара.
 

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе