Премиерлига

Алкантара конечно го постигна првиот гол за Ливерпул, „црвените“ славеа против Саутемптон (ВИДЕО)

Ливерпул останува во трката за топ четири пласман откако вечерва со 2-0 го совлада Саутемптон, Тиаго Алкантара го постигна својот прв гол во дресот на „црвените".

Ливерпул често знае да киксне на Енфилд во последно време, но денеска избраниците на Јирген Клоп ја завршија работата и ги осигураа трите бода.

Мане донесе водство од 1-0 по половина час игра, а за потврда на триумфот се чекаше до самиот финиш кога Тиаго Алкантара прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за својот прв гол во дресот на „црвените“ и победа од 2-0.

Со овие три бода, Ливерпул останува во трката за топ четири пласман, има шест бода помалку од Лестер но и натпревар помалку.

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе