ВАР го спасуваше

Алисон „патосираше“ двајца ривали, два пати беше исклучен но бранеше до крај! (ВИДЕО)

Алисон Бекер и ВАР беа главни протагонисти на дуелот помеѓу Еквадор и Бразил, голманот „патосираше" двајца ривали, два пати беше исклучен но одлуките беа преиначени и тој бранеше до крајот на мечот.

Еквадор и Бразил доцна синоќа одиграа 1-1, мечот го одбележаа историските одлуки на ВАР, видео технологијата два пати го спаси Алисон од исклучување.

Голманот со своите интервенции „патосираше“ двајца ривали. Во првото полувреме, со високо крената нога го закачи Енер Валенсија во глава, па судијата му покажа црвен. Но по консултација со ВАР, судијата го поништи црвениот и покажа само жолт бидејќи голманот прво ја изби топката.

Во финишот на мечот имаше нов спорен момент, Алисон со рака го погоди Пресиадо во глава, судијата му покажа втор жолт картон и досуди пенал, но со ВАР повторно беше преиначена одлуката бидејќи голманот прво ја изби топката.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе