Им рекол на агентите да му бараат нов клуб

Алиоски заминува од Лидс?

Македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски веројатно ќе го промени клубот во летниот преоден рок, тој му дал инструкции на својот агент да му бара нов тим. 

Според „Фудбал Инсајдер“, Алиоски преговарал со Лидс за нов договор, но двете страни не нашле заеднички јазик и соработката нема да биде продолжена.
 
По неуспешните разговори со Лидс, Алиоски им кажал на своите претставнци да почнат да му бараат нов клуб.
 
Алиоски во декември рече дека би сакал да остане во Лидс, а има и голема минутажа кај Биелса кој има пофалби за нашиот фудбалер.
 
Сепак преговорите меѓу Лидс и Алиоски завршиле неуспешно и веројатно следната сезона нема да имаме фудбалер во Премиерлигата.
 
Алиоски во јануарскиот преоден рок се поврзуваше со Галатасарај. Бидејќи неговиот договор истекува по крајот на сезоната, тој веќе слободно може да преговара со други клубови.

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе