Се сели во Истанбул како слободен играч

Алиоски става крај на авантурата во Англија, Македонецот се договорил со Галатасарај?!

Турскиот гигант Галатасарај се договорил со Езгјан Алиоски, Македонецот ќе се пресели во Истанбул по крајот на сезоната како слободен играч.

Езгјан Алиоски ги одработува последните шест месеци од договорот со Лидс, во декември минатата година имаше шпекулации дека фудбалерот ќе ја продолжи верноста, но се уште нема абер за нова соработка.

Последните информации велат дека Македонецот ќе го напушти најсилното првенство во светот и кариерата ќе ја продолжи во Турција. Медиумите од оваа земја пишуваат дека Галатасарај се договорил со Езгјан Алиоски, кој ќе се пресели во Истанбул по крајот на сезоната како слободен играч.

Еден од мотивите за ваквиот чекор на Езгјан Алиоски се парите, тој бил еден од најмалку платените во Лидс а Галатасарај добил богата понуда.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе