Во интервју за „ФИФА“

Алиоски: Следната цел на Македонија е пласман на Светско првенство

Езгјан Алиоски верува дека Македонија може да се пласира и на Светското првенство во Катар, таа самодоверба ја носи победата над Германија. 

Во интервју за „ФИФА“ меѓудругото Алиоски зборуваше и за желбата и можноста македонската репрезентација да се пласира на Светското првенство во Катар.
 
„Како  секое дете кое го сака фудбалот, пораснав сонувајќи да играм на тие големи натпреварувања, Лигата на шампионите, Европско првенство и Светско првенство. И сега моите две големи цели се СП и Лигата на шампионите. Кога ја победивме Гермранија, почнавме да веруваме дека можеме да се пласираме на Светското првенство, според мене ние сме подобри од Романија, Исланд и другите тимови во нашата група. Па зошто да не? Пласман на СП дефинитивно е следниот чекор за Македонија“, вели Алиоски во интервју за „ФИФА“.
 
„Навистина мислевме дека можеме да ја изненадиме Германија. Во мечот влеговме со сета почит кон нив, знаејќи дека тие се четирикратен Светски шампион и сите нивни играчи се во топ клубови. Но знаевме дека и ние имаме играчи кои играат во топ клубови, на највисоко ниво. А и во минатото сме играле добро против големи селекции, пример 1-1 со Италија, па си помисливме, зошто не и Германија? Видовме дека тие имаа проблеми на претходните натпревари, па влеговме со голема самодоверба по резултат, најмалку нерешено. Иако тие имаа многу посед, не шутнаа многу пати во голот. Одигравме тактички навстина добро, се боревме како вистински тим, одигравме со многу карактер и срце и заслужено победивме“.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе