Македонија обезбеди бараж за мундијалот во Катар

Алиоски: Сите мислат дека на среќа отидовме на европско, но ние покажавме дека сме квалитетни

Езгјан Алиоски вели дека успесите на македонската фудбалската репрезентација не се случајни, „црвено-жолтите" покажале квалитет и смета дека можеме да избориме пласман на мундијалот во Катар.

Македонија продолжува да испишува историја, по настапот на Европското првенство, „црвено-жолтите“ вечерва изборија бараж за Светското првенство.

„Сите мислат дека на среќа отидовме на европско, но ние покажавме дека сме квалитетни, покажавме дека сме силна селекција, испишавме нова историја. Зошто сега да не одиме на Светско првенство?“ – рече Алиоски по победата над Исланд од 3-1.

„Одиме чекор по чекор, во македонската репрезентација многу работи се сменија, од стучен штаб, претседател, организацијата е многу подобра од пред шест-седум години. Силата е во заедништвото “.

„Во баражот ќе ни биде тешко, но треба да веруваме во нашиот тим, во нашиот квалитет. Сега ни треба поддршката, публиката да биде позади нас“.

Фото:ФФМ

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе