Според „Фудбал Инсајдер“

Алиоски си оди од Лидс, веќе се договорил со друг клуб

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски по крајот на оваа сезона ќе го напушти Лидс и ќе се пресели во Галатасарај, пишуваат англиските медиуми. 

Според „Фудбал Инсајдер“, Алиоски има преддоговор со Галатасарај.
 
Договорот на македонскиот фудбалер истекува по крајот на оваа сезона и тој веќе слободно може да преговара со други клубови. Алиоски тоа и го направил и се договорил со Галатасарај.
 
Лидс му понуди нов договор, но тој не беше доволно добар за да се убеди Алиоски да стави потпис на нова соработка со англискиот клуб.
 
Условите кои му ги понудил Галатасарај се подобри и Алиоски одлучил да ја продолжи кариерата во Турција.
 
Алиоски за Лидс има одиграно 162 натпревари, постигнато 22 гола и направено 16 асистенции.
 

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе