Чека да заврши сезоната во Премиерлигата

Алиоски се договорил со Галатасарај, но крие поради фановите на Лидс

Медиумите од Турција пренесуваат дека Езгјан Алиоски се има договорено со Галатасарај но се плаши од реакцијата на фановите на Лидс па замолил официјалното соопштение да пристигне по крајот на сезoната во Премиерлигата.

Македонецот ги одработува последните месеци од договорот со Лидс и често има шпекулации за неговата иднина. Пред неколку месеци се пишуваше дека тој кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај, а овој месец се појавија гласини и за трансфер во Наполи.

Според турскиот „Фотомак“, Езгјан Алиоски ја одбрал Галатасарај и се е договорено за преселба во Истанбул. Официјално соопштение не е испратено бидејќи Езгјан Алиоски го побарал тоа.

Фудбалерот стравува од реакцијата на фановите на Лидс, кои имаат голема омраза кон Галатасарај откако двајца навивачи на „белите“ беа избодени до смрт во Истанбул во 2000 година. Па затоа Езгјан Алиоски го замолил раководството на Галатасарај да не го објави трансферот и да почека да заврши сезоната во Премиерлигата.

„Фотомак“ додава дека Македонецот на маса има нов договор од Лидс, но не е задоволен од финасиските детали и одбил да ја продолжи верноста. Платата која ја понудила Галатасарај била далеку попривлечна.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе