Се договори со непријателот на неговиот поранешен клуб

Алиоски се договори со Галатасарај и ги разочра фановите на Лидс

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Езгјан Алиоски кариерата ќе ја продолжи во Галатасарај, пишуваат турските медиуми, договор е постигнат, а наскоро ќе биде и официјализиран. 

Алиоски ги разочара фановите на Лидс бидејќи во следната сезона ќе го носи дресот на нивниот непријател, Галатасарај.
 
Според турскиот медиум „Фанатик“, постигнат е договор меѓу Галатасарај и Алиоски, а наскоро тој ќе биде и официјално соопштен.
 
Турскиот клуб се чини дека бил единствениот кој ги исполнил барањата на Алиоски кои беа четиригодишен договор со плата од 2 милиони евра по сезона.
 
Во 2000 година двајца навивачи на Лидс беа убиени во Истанбул од страна на фанови на Галатасарај, па омразата меѓу двата клуба е голема.
 
За разлика од пред неколку дена кога го величеа Алиоски, денеска фановите на Лидс на социјалните медиуми плукаат по него поради преселбата во Галатасарај.
 

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе