Квалификации за СП 2022

Алиоски: Против Исланд одиме на победа

Езгјан Алиоски е задоволен од досега направеното, вели дека не е случајно туку е резултат на напорна работа, тој верува во триумф над Исланд. 

По синоќашната победа над Ерменија, сега македонските фудбалери се насочуваат кон неделниот натпревар против Исланд.
 
„Среќни сме и во животот нема ништо случајно. Сета оваа наша работа го покажува сиот наш квалитет и тоа се гледа, од Македонија до 21 година и што направи таа, па ние игравме Европско првенство, а сега сите повторно сме тука за нова историја. Јас сум оптимист и одиме да го победиме Исланд. Дури и да не победиме, ние сето ова што го направивме и сите овие резултати, се скор најдобар во историја. Но, сигурен сум дека со Исланд ќе дадеме сѐ и ова што го направивме со Ерменија да го повториме. Сакаме нова историја“. вели Алиоски.
 
„Во фудбалот нема фаворит и како поеднинец не може да кажеш може, туку како тим. Ние сите одиме да победиме, треба да влеземе со таква мисла, да мислиме сите на тимот. Сега играме за победа и историја и сега сите имаме голема мотивација. Нормално е дека одиме на победа“.
 
Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра во недела со почеток од 18 часот.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе