Продолжил напорно да работи за да си го оствари сонот

Алиоски: Пред седум години ми рекоа да се откажам од фудбалот, сега ќе играм во Премиерлига!

Езгјан Алиоски открива дека пред седум години од таборот на Јанг Бојс му порачале дека не бил доволно добар да стане професионален фудбалер, но тој не се откажал од сонот и сега ќе игра во Премиерлигата.

По 16 години пауза, Лидс се враќа во Премиерлигата а тоа значи дека по подолго време еден македонски фудбалер ќе игра во најсилното првенство во Европа и светот.

Езгјан Алиоски во разговор со „Блик“ раскажа за патот кој морал да го изоди, како пред седум години му било кажано дека не бил доволно добар да стане професионален фудбалер, морал извесен период да тренриа со својот татко и брат, но никогаш не се откажал од сонот и напорната работа вродила со плод.

Новинарот на „Блик“ му посочи на Езгјан Алиоски дека на 21 година бил без клуб два месеци, и дека пред само четири ипол години играл во втората лига на Швајцарија во дресот на Шафхаузен а тој одговори: „Неодамна се присетив на тие денови, неверојатно“.

„Во тоа време (2013 година) од таборот на Јанг Бојс ми кажаа дека не сум доволно добар да станам професионален фудбалер. И тоа откако поминав 10 години во младинските категории на Јанг Бојс. Немаше место за мене во клубот, бев разочаран и тажен. Можеби многумина ќе направеле нешто друго во таква ситуација, но јас не се откажав од мојот сон“.

„Тренирав на игралиштето на Фламат со мојот татко и постариот брат, ги правев вежбите кои ги научив во Јанг Бојс. За среќа се појави Шафхаузен и му даде шанса. Вечно ќе му бидам благодарен на поранешниот тренер Маурицио Јакобачи. Ми даде шанса за нов фудбалски живот“.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе