Одбра пари наместо силна лига

Алиоски потпишал за Ал Ахли, ќе заработи 5 милиони евра за две години

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоси најдобрата лига во светот, Премиерлигата реши да ја замени со клуб во кој може да заработи повеќе пари за две години, информациите велат дека веќе ставил потпис на договор со Ал Ахли. 

Алиоски на маса имаше понуда за нов договор со Лидс, се поврзуваше и со клубови од Серија А и од Турција, на крајот одлучи да потпише за тие кои му нудат најмногу, Ал Ахли од Саудиска Арабија.
 
Договорот е готов, Алиоски е нов фудбалер на Ал Ахли и ќе заработи 5 милиони евра за две години.
 
Овој трансфер ќе беше разбирлив ако Алиоски беше на залезот од својата кариера, но тој е во најдобрите години, многу фудбалери со вакви одлуки си ја срушиле кариерата.
 
Алиоски има 29 години, ако останеше во Европа можеби ќе заработеше некој милион помалку за следните две години, но ќе играше во конкурентни лиги, ќе беше на радарот на целиот фудбалски свет, и можеше уште долги години да игра во кремот на фудбалот заработувајќи солидни суми на пари.
 
Со трансферот во Саудиска Арабија ќе ги добие парите кои ги сака, но тешко дека во тој свет ќе може да напредува во формата и по тие две години да се врати во елитна лига и да добива солидни понуди. Па оваа одлука на долгорочен план може да се покаже и како финансиски погрешна.
 
Како ќе се одвива кариерата на Алиоски и дали овој потег бил вистински, ќе покаже времето.

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе