Преговорите се во напредна фаза

Алиоски оди на печелба во Саудиска Арабија, за две години ќе добие 4 милиони евра?!

Новинарот Педро Алмеида вели дека Ал Ахли и Езгјан Алиоски се во напредни преговори, Македонецот на маса има двегодишен договор и плата од 1,5 милиони евра по сезона, плус бонус за потпис од 1 милион евра.

Езгјан Алиоски по крајот на авантурата во Премиерлигата, е на добар пат да замине на печелба во Саудиска Арабија.

Новинарот Педро Алмеида пренесува дека Македонецот е желба на Ал Ахли, преговорите се во напредна фаза, Езгјан Алиоски на маса има двегодишен договор и плата од 1,5 милиони евра по сезона, плус бонус за потпис од 1 милион евра.

Името на Езгјан Алиоски во последните месеци често е дел од трансфер шпекулациите. Тој имаше опција да продолжи во Лидс, но не успеа да најде заеднички јазик до раководството на „белите“ за висината на платата.

Македонецот беше мета на неколку клубови од Турција, интересот на Галатасарај беше најконкретен, пред десетина дена се пишуваше дека се е договорено, но зделката пропадна во „пет до дванаесет“.

Ал Ахли пред неколку дена донесе звучно име во своите редови и потпиша со Бразилецот Паулињо, кој пред неколку години го носеше дресот на Барселона.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе