Лидс

Алиоски одговараше на македонски: Да играше наш фудбалер со рака, ќе свирнеа пенал за Манчестер јунајтед, но... (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски по мечот на Лидс против Манчестер јунајтед даде изјава за Спорт Клуб на македонски.

Македонскиот фудбалер, Езгјан Алиоски беше еден од најдобрите играчи на Лидс против Манчестер јунајтед.

„Спорт клуб“ има новинарска екипа во Англија, па Алиоски за нив одговараше на македонски.

„Ова е добар резултат за нас затоа што игравме за кратко време против трите најдобри екипи во Премиерлигата. Одигревме добар натпревар. Не знам дали тоа беше пенал, далеку бев, не видов, но знам дека доколку беше за Манчестер јунајтед ќе го досудеа. Не е фер, но тоа е кога играат помал и поголем клуб. Сега ни следуваат мечеви со помалите екипи кои може да бидат и потешки поради начинот на кој играат. Ние до крајот на сезоната одиме од меч во меч, па ќе видиме што ќе направиме. Имаме многу квалитетен тим и голем тренер“, вели Алиоски.

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе