Македонскиот фудбалер ги негира турските медиуми

Алиоски: Не е точно дека Елмас ме убеди да потпишам за Фенербахче

Езгјан Алиоски признава дека разговарал со Елиф Елмас за Фенербахче, но тој и претходно сакал да оди во Турција, мислењето на неговиот соиграч од репрезентацијата немало влијание. 

Кога Алиоски потпиша за Фенербахче, многу турски медиуми напишаа дека Елмас бил најголем „виновник“ за овој трансфер, тој го убедил да за тој трансфер.
 
Но, Алиоски сега ги негира таквите пишувања, вели дека самиот ја донел одлуката иако признава дека разговарал со Елмас.
 
„Елиф ми е близок пријател од националниот тим на Македонија. Секако дека разговарав со него пред да дојдам во Фенер, но не е точно дека тој ме убедил да ја прифатам понудата. Јас и претходно сакав да дојдам во Турција. Тој е ептен талентиран фудбалер кому му посакувам се најдобро во кариерата, а кој само ми честита на трансферот. Ништо повеќе од тоа“, изјави Алиоски.
 
„Сум бил во Турција и претходно, имам многу роднини тука. Нашите култури се многу слични, а Истанбул е еден од најубавите градови во светот. Животот тука ќе ми биде предизвик, особено што ќе можат често да ги гледам роднините кои живеат во Бајрампаша. Инаку, немам зборови со кои можам да ја опишам атмосферата на стадионот на мојот нов тим. Пресреќен сум што и постигнав гол на домашен терен. Отсекогаш сонував да игра за овој голем клуб“

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе