Алиоски ќе има слатки маки да го одбере новиот клуб, ЦСКА Москва му нуди богат договор, има понуда и од Фенербахче

Откако Македонија ќе го заврши настапот на Европското првенство, Езгјан Алиоски ќе почне да го решава прашањето за својата иднина, последните информации велат дека нашиот фудбалер има неколку конкретни понуди.

Според турскиот „Таквим“, Фенербахче испратил конкретна понуда до Алиоски, но не е познато колку е висока таа. Фенер е последниот тим од Турција кој се поврзува со македонскиот играч, претходно се споменуваа Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор.

Но има информација и дека ЦСКА Москва му нуди богат договор на Алиоски, годишна плата од 2,5 милиони евра со која би станал нашиот најплатен фудбалер во моментов.

Алиоски на маса има и понуда од Лидс за продолжување на неговиот престој во Премиерлигата.

Во зависност од неговиот настап против Холандија, не се исклучува можноста да добие уште некоја понуда во текот на следната недела.

Како и да е, Алиоски ќе бира од повеќе понуди, останува да видиме што ќе реши, дали ќе остане во Лидс или ќе замине во друго првенство.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе