Премиерлига

Алиоски изнуди црвен картон за Пепе, Лидс не искористи, реми без голови против Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал речиси цело второ полувреме играше со фудбалер помалку благодарение на Езгјан Алиоски, но Лидс немаше среќа да ги освои трите бода, конструкцијата од голот на Лено три пати се тресеше. 

Речиси никој не очекуваше дека мечот меѓу Лидс и Арсенал може да заврши без голови, двата тима ги краси офанзивна игра, но мрежите мируваа.
 
Езгјан Алиоски го одигра целиот меч, тој беше во центарот на вниманието откако изнуди црвен картон од Пепе. Играчот на Арсенал направи глупост, го удри со глава нашиот фудбалер, кој го искористи моментот, падна, а судијата му го покажа патот кон соблекувалната на Пепе.
 
Во продолжението Лидс се обидуваше да ја искористи предноста која им ја овозможи Алиоски, но не успеа да го совладаат Лено. Имаа неколку одлични шанси, два пати ја погодија пречката, еднаш стативата, но ниту еднаш мрежата.
 
Арсенал имаше две прилики од контра напади, но не успеаа ниту тие да постигнат гол.
 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе