Непријатни моменти за македонскиот репрезентативец

Алиоски избркан од ресторан во Прилеп затоа што зборувал албански!

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски доживеал непријатен момент во својот роден град Прилеп откако бил избркан од ресторан само поради тоа што зборувал албански.

Алиоски дел од својот одмор решил да помине во родниот Прилеп. Тој заедно со своите родители и родини седнал на ручек во ресторанот „Ла Страда“, но откако вработените слушнале дека тие зборуваат албански, ги избркале со образложение дека нема место и дека сè е резервирано.
 
Откако виделе дека се работи за Алиоски, од ресторанот брзо ја промениле одлуката и му рекле дека сепак има место, но било доцна, фудбалерот навреден заедно со фамилијата си заминал.
 
Алиоски потекнува од прилепското село Црнилиште, но на една година заминал со семејството да живее во Швајцарија, каде што ја почнал и фудбалската кариера.
 
„Навистина сум фрапиран од тоа што се случи. Играм за Македонија, доаѓам од Англија и со радост играм за репрезентацијата, а еве што доживувам тука. Кога со најблиските зборував на својот мајчин јазик, инаку не кријам дека сум Албанец, дојде еден човек и ми рече да го напуштам ресторанот само затоа што слушна на кој јазик зборуваме. На никого не му го посакувам ова што ми се случи“, изјави Алиоски за „СпортМедиа“.

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе